Вести Македонија

ДКСК: Груби користи службени простории за партиски цели

Претседателот на ДУИ Али Ахмети и неговиот близок партиски соработник и вицепремиер Артан Груби го користат Министерството за политички систем за средби со сопартијци и со странски посетители. Ова е спротивно на Етичкиот кодекс на Владата и одредбата дека „министри не смеат да ја користат функцијата за лична корист или за корист на блиски лица и политички партии“, укажува Антикорупциската комисија. Фотографиите со кои располага ќе ги испрати кај министерката за добро владеење Славица Грковска.

Министерот Артан Груби е зачуден од ваквото прашање. Се пошегува дека можеби Антикорупциската комисија сѐ уште реагира што во просториите што ѝ беа ветени, се смести Министерството за политички систем, а Комисијата се всели во зградата од спротива.

Освен за административни и партиски активности, просториите на Министерството за политички систем се користат и за анти-стрес терапија. Такво објаснување даде вицепремиерот пред неколку месеци, објавувајќи како тој и неговите колеги – министри од ДУИ играат кошарка и фудбал на мали голчиња на скапиот паркет, меѓу канцеларискиот мебел, уметничките слики и другите експонати во неговиот кабинет.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе