Вести Македонија

Судскиот совет закажа итна седница, дали се најдоа 8 гласа за да изберат нов водач по пучот од минатата среда

Судскиот Совет закажа итна седница која ќе се одржи по работното време.

Седницата е закажана за во 16:30 часот.

Состојбата во советот не е јасна откако минатата среда, 7 члена гласа за разрешување на Весна Дамева од позицијата претседател, но бидејќи немаше 8 гласа за нов претседател, седницата се закажуваше и одложуваше во два наврати без да почне процесот на избор.

Состојбата во Судскиот Совет досега беше статус кво, а нова седница е закажана откако за во Врховниот суд е најавена средба на која ќе се расправа за подобрување на законското решение за да не се повторат скандали и пучеви како што се случи минатата среда.

Министерот за правда Лога се уште не го одбил  записникот од спорната седница на Судскиот Совет, на која беше прогласено разрешување на Весна Дамева.

Експертите од скандалот наваму повторуваат дека процедурата за разрешување е целосно незаконска и сега препорачуваат,  парламентот да ги разреши 5-те членови кои се избрани од пратениците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе