Вести Македонија Топ вести

Судскиот совет го крие записникот за разрешувањето на Дамева од министерот Лога

До овој момент сè уште не е пристигнат записникот од 438-та седница на Судскиот совет и усвоениот дневен ред, се вели во реакцијата на на министерот за правда, Кренар Лога, како одговор на синоќешната изјава на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски дека тој нема право да го бара записникот од Судскиот совет.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и не очекував од висок претставник на судската власт кој треба да ги знае Уставот и законите, во јавноста да изјавува дека министерот за правда нема право да го бара записникот од Судскиот совет. Министерот за правда согласно Уставот е член на Судскиот совет по функција. Судскиот совет редовно го поканува министерот за присуство на седниците и испраќа извештаи за својата работа“, вели Лога.

Тој се повикува на членот 15 од Деловникот кој пропишува дека записникот, покрај останатите податоци, содржи податоци и за дневниот ред што е утврден на седницата, за наводите, за изјаснувањата и за предлозите на присутните на седницата, спроведената расправа, донесените одлуки и резултатот од гласањето.

„Министерот за правда, како член на Судскиот совет, има право да реагира и да бара исполнување на обврската за доставување на Записник од седница на Судски совет“, нагласува Лога.

Тој додаде дека лично, како министер, и Министерството со кое раководи со големо внимание ги следат состојбите во судството и обвинителството и во оваа насока смета дека увидот ќе помогне во определување на правецот во кој треба да се движат законските измени за отстранување на сите недоследности во функција на обезбедување на владеење на правото и реформи во правосудството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе