Вести Македонија

Пензија, утврдени нерегуларности или критичкиот јазик на сопругата на амбасадорот- Зошто Бујар Османи го отповика од Прага амбасадорот Тодоровски

Поради нерегуларности во дипломатската служба отповикан е македонскиот амбасадор од Чешката Република, Сашко Тодоровски информираше денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Отповикувањето на амбасадорот од Прага на половина од неговиот мандат, како што рече Османи, било процес кој траел подолго време.

Меѓу констатираните нерегуларности поради кои Тодоровски е отповикан, шефот на дипломатијата посочи дека било и лажното претставување на сопругата на амбасадорот како културен аташе.  Сопруга на Тодоровски е универзитетската професорка Мирјана Најчевска.

Од Кабинетот на претседателот на државата за Телма пак потврдуваат дека Тодоровски на почетокот на годината самиот писмено поднел барање мандатот да му заврши на 1 март, бидејќи на 12 април, како што навел во барањето, требало да замине во пензија. Од таму информираат дека указот за повлекување на Тодоровски од амбасадорската позиција е потпишан на почетокот на април, по што мандатот му завршил кон средината на минатиот месец.

Официјално, указот за повлекувањето на Тодоровски од амбасадор е потпишан по неговото барање за одење во пензија.

Од друга страна, сопругата на амбасадорот Мирјана Најчевска која е жесток критичар на актуелната владеачка структура особено на ДУИ, порача дека станува збор за одамна почната хајка против дипломатот Тодоровски. На ФБ, Најчевска напиша:

МОЈОТ СОПРУГ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА.
ЛАКЕЈОТ НА АЛИ АХМЕТИ КОЈ СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЗАПОЧНА ХАЈКА ПРОТИВ МОЈОТ СОПРУГ ЗАРАДИ МОИТЕ КРИТИЧКИ НАСТАПИ КАКО ПРОФЕСОР И ЕКСПЕРТ, И ЗАРАДИ НЕСОГЛАСУВАЊЕТО НА МОЈОТ СОПРУГ КАКО АМБАСАДОР ВО ПРАГА СО НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО КОЕ ОСМАНИ ГО ПРИВАТИЗИРАШЕ.

беше еден

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе