Вести Македонија

Оружјето најмалку е средство за расчистување на детските проблеми – експертите за безбедност ги анализираат системските аномалии и пропусти

Оружјето не е играчка – ова е главната и јасна порака на дел од експертите за безбедност. Жално е што секогаш за ваквите работи се дискутира откако ќе се случат трагедии, но бројните прашања и натаму остануваат отворени. Како се ракува со оружјето, како се чува и кој поседува. Професорот од Факултетот за безбедност, Злате Димовски, повикува родителите да внимаваат децата да немаат пристап до оружје – а, не на истото да гледаат како на достапно средство за расчистување на проблемите. Во соседна Србија надлежните веќе имаат идеја да ја намалат старосната граница и децата да може и помлади да одговараат за кривични дела, но прашање е колку тоа е решение за ваквите проблеми.

Средство за одбрана и во некои случаи за напад. Оружјето е нешто коешто уште од минатото секој сакал да го има во својот дом, анализира професор Димовски. Но, аномалии и системски пропусти доведуваат до проблеми за државата. Нелегално поседувано, несоодветно чувано, достапно дури и за деца. Има многу поединости кои треба да се запазат, посочува Димовски.

Во Македонија, Законот за оружје е донесен пред речиси осумнаесет години и истиот останува во сила и денес со одредени амандмански измени. На почетокот тој дозволувал поседување огнено оружје во одредени ситуации. Две години по носењето на законот, беше усвоен амандман со кој е отстранета полициската дискреција за давање дозволи за огнено оружје за лов, пропишувајќи кои услови треба да се исполнат за да се добијат, но дозволите за самоодбрана останаа да се издаваат. Според информациите на спроведените анкети од 2018 година, има околу 180.000 регистрирани парчиња, но проценките се дека во земјава реално има над 450 илјади парчиња нелегално огнено оружје.

 

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе