Вести Македонија

Штрајкот во Државниот испитен центар продолжува, неизвесно полагањето државна матура

Се понеизвесно е одржувањето на државната матура, штрајкот на вработените во Државниот испитен центар продолжува до исполнување на нивните барања. Велат дека министерот Бесими не ги ни удостоил со средба, туку само телефонски им било соопштено кој е ставот на Министерство за финансии  во однос на нивните барања и дека истите нема да добијат согласност.

Во нивното известување велат дека жалат што имаме толку ниски плати и велат дека нашиот колективен договор не е добар, за што ние бевме свесни и токму затоа побаравме измена на тој Колективен договор, дека поповолен би бил Законот за административни службеници, што е далеку од нашето барање. Повторно ќе кажам нашата институција има надлежност да се грижи за квалитетот на образованието во државава и Законот за административни службеници особено не го предвидува тој дел, односно делот на образование на сите вклучени во институцијата, вели претседателката на Синдикалната организација на диц, Емилија бошковска. 

Вработените во Државниот испитен центар се револтирани поради игнорантскиот однос на министерот Бесими и му дадоа рок до петок да се предомисли, во спротивно државната матура ќе биде пролонгирана.

После петок било какви преговори сите договори подразбираат промена на календарот и измена на датумите за матура. Не би сакале да дојде до тоа, но и тоа е опција за да се реализира матурата. Еве ќе бидеме трпеливи, матура ќе има ние не сакаме да оштетиме никого, но ќе мора да се менува календарот, вели бошковска.

Министерството за образование и наука пак со став дека ваквиот проблем треба да се реши во дијалог меѓу Министерството за финансии и ДИЦ.

Надлежноста за надминување на предизвикот не е кај МОН, а итноста за решение е голема, во интерес на учениците. Полагањето на матурата значи заокружување на средното образование и основ за продолжување во високо или пак за вклучување на пазарот на трудот, соопштија од мон.

Во меѓувреме Телма се обиде да добие став од Министерството за финансии, но не добивме одговор.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе