Вести Македонија

Поднесено обвинение за поранешниот претседател на бугарскиот клуб во Битола Ванчо Михајлов

Битолското обвинителство поднесе обвинение за поранешниот претседател на згаснатиот бугарски културен центар Ванчо Михајлов од Битола, Љупчо Георгиевски. Тој се товари за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална и друга дискриминаторска основа. Според обвинението Георгиевски ги повредиl чувствата на припадниците на Еврејската заедница со тоа што здружението го смести на улицата Рузвелтова, во поранешното Еврејско маало во Битола.

На истата улица се наоѓа и објектот познат како „Пионерски дом“, во кој пред Втората светска војна било сместено Здружението на Млади Евреи. Просторот  бил свечено отворен за користење за членовите на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ на 16.04.2022  прв ден Песах – еден од најголемите еврејски празници, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Исто така, обвинителството го товари претседателот на бугарскиот клуб во Битола и за врамениот цитат од Ванчо Михајлов во внатрешноста на објектот, со кој се негира  посебноста на македонскиот јазик. Георгиевски ќе одговара и за ширење ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно со објавите на социјалните мрежи на контроверзнист ставови на Ванчо Михајлов, се поттикнува омраза и дискриминација кон македонскиот народ, македонскиот јазик и придобивките од НОБ.

Како администратор на Фејсбук страницата на Здружението, обвинетиот континуирано објавувал постови со кои се негира посебноста на македонскиот народ и јазик   и историската улога на борците од народно-ослободителната антифашистичка војна  во создавањето на независната македонска држава, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Георгиевски ги сторил кривичните дела во период од април лани до март годинава, свесен дека ќе разгори омраза и нетрпеливост, се наведува во обвиненито. И Комисијата за заштита од дискриминација против Георгиевски покрена прекршочна постапка, која битолскиот суд ја прекина пред еден месец, во очекување на одлуката на обвинителството. Клубот Ванчо Михајлов е избришан од централен регистар во март, откако согласно измените во законот за здруженија, владината комисија даде  негативно мислење за именување на здружение по Ванчо Михајлов, личност блиска до фашистичката идеологија, затоа што тоа е навреда и провокација за националните чувства на македонскиот народ.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе