Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Нема да го потпишам Законот за 60 часовна работна недела

Сѐ поизвесно е дека државата ќе плати далеку повеќе од најавените 1,3 милијарди евра за изградбата на Коридорите 8 и 10-д откако денеска претседателот Стево Пендаровски го повтори својот став дека нема да го потпише Законот за работни односи кој предвидува 60 часовна работна недела за стратешки проекти од национален интерес кој во моментов е во Собраниска процедура.

Тој ја повтори одлуката на Уставниот суд кој во јули минатата година го укина членот 12 од договорот за страешко партнерство меѓу Владата и конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој предвидеваше токму 60 часа работна недела за работниците ангажирани на прокетот. Образложението на Уставниот суд беше дека работниците кои треба да работат повеќе од останатите се дискирминирани а претседателот Пендаровски е дециден дека е воспоставена пракса на Уставниот суд ќе важи и во овој закон.

Ова значи дека доколку законските измени кои владеачкото мнозинство ги турка во Собрание поминат, нема да бидат потпишани и ќе бидат вратени во Собранието. Потоа Собранието ќе треба да ја повтори истата постапка и по втор пат да ги протурка измените во Законот за работни односи и да му ги достави на претседателот Пендаровски кој тогаш е должен да ги потпише.

Станува збор за процес кој би одзел најмалку неколку месец а тоа значи дополнителни плаќања на државата кон Конзорциумот „Бехтел Енка“ за кои првиот вицепремиер, министер за политички систем и односи меѓу заедниците и Координатор на проектот Артан Груби потврди дека постојат.

Доколку претседателот биде принуден да го потпише со новиот Закон, повеќе од извесно е дека ССМ повторно ќе го оспори пред Уставниот суд кој како што нагласи претседателот Пендаровски веќе има воспоставено пракса.

Владата најави дека проектот ќе чини 1,3 милијарди евра за потоа да ретерира и да соопшти дека тоа се само проценки и тоа во најдоброто можноп сценарио со закнски измени. Останува неодговорено зошто консултантите во перговорите со „Бехтел и Енка“ не ги штителе интересите на државата и не издејствувале договор според постоечката законска регулативаи зотшо Владата ја презеде улогата на Собранието и се обврза на законски измени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе