Вести Македонија

Ковачевски од СБ на ОН: Северна Македонија e пример за решавање на отвoрени прашањa дома и со соседите

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати денеска пред Советот за безбедност на ОН како прв македонски премиер кој зборувал пред советот, а на тема новата агенда за мир предложена од генералнот секретар на ОН Антонио Гутереш.  Ковачевски се обрати во чест на 30 годишнината од членството на Северна Македонија во ОН.

Темата мир е насушна во контекст на руската агресија во Украина, и Ковачевски рече дека Северна Македонија отсекогаш била пример за решавање на конфликти и отворени прашања дома и со соседите.

Обраќајќи се до Швајцарија како непостојан претседавач со СБ, премиерот истакна дека ОН и мултилатералниот систем во минатото се покажале ефикасни за придонесување кон мирот во светот.

Денес кога имаме морална обврска да придонесме кон новата агенда за мир, не можеме а да не ја споменеме старата агенда од 1992 година и почетоците на првата превентивна мисија на ОН во нашата земја – високо оценета како успешна превентивн акција на ОН, рече Ковачевски.

Истакна дека во случајот со Северна Македонија, градењето на мирот бил потврден во пракса.

Нашиот прв претседател Киро Глигоров во тешките војни на просторот на поранешна Југославија со својата мудрост и одговорност овзоможи мирно осамостојување и меѓународно етаблирање на Северна Македонија како независна и суверена држава, порача Ковачевски.

Во време на војна во блиското соседство, рече Ковачевски, нашата земја имала одржлива агенда за мир обезбедена со внатрешен консензус, но и тесна соработка со организации како ОБСЕ и ЕУ.

Мисијат УНПРЕДЕП спречи прелевање на конфликтот, беа сочувани мирот и стабилноста, а со тоа спасени безброј животи и спречени непотребни разрушувања, рече Ковачевскии, додавајќи дека за време на конфликтот официјално Скопје промовирало култура на дијалог за надминување и на најсеризните предизвици.

Според Ковачевски, Северна Македонија станала пример за решавање на отварени прашања дома и со соседите, и затоа нашата земја во изинатите 30 години донела многу тешку одлуки.

Ова беа тешки но визионерски одлуки кои ни овозможија да станеме членка на НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, со заштитен и признат македонски јазик, идентитет и култура, истакна тој.

Додаде дека од земја на мировни мисии на меѓународните организации во нашата земја сме станале фактор на стабилост и домаќин на мировни преговори на други земји, но дека има уште многу работа пред себе, како остварување на Милениумските цели за одржлив развој.

За жал, руската воена агресија во Украина ги промени глобалните односи, а тоа повикува придржување до референтната рамка на Повелбата на ОН, а тоа е избегнување војна, истакна премиерот.

Рече дека Северна Макеоднија како и многупати во историјата застанала на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот свет и правото на секоја земја за самоопределување.

Во завршниот дел од својот говор македонскиот премиер повика светот да се заложи за почитување на повелбата на ОН.

Како рамноправен дел од тогашната (југословенска) федерација, која беше еден од основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со самостојно место во ОН, Република Северна Макдонија го крева својот глас и ја споделува крајна загриженост од кризата на ОН, но и кризата во меѓународиот поредок.

Тој истакна дека новат агенда за мир на Гутереш е „шанса која треба да ја искоритиме… потребен ни е мир сега и веднаш“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе