Вести Македонија

Финансии со ветување за болните од цистична фиброза – пари има но само 18 пациенти ќе го добијат лекот

Трикафта ќе  добијат уште 18 најкритични пациенти. Останатите добија ветување дека Министерството за финансии обезбедило пари за сите. Пациентите со цистична фиброза само што започнаа со протест беа повикани на средба.

Делумно задоволни од разговорот, но разочарани бидејќи лекот нема веднаш да го добијат сите пациенти, од Асоцијацијата за цистична фиброза велат дека тука не застануваат и ќе продолжат со притисок и нови протести за властите да не ги заборават и да ги потсетат дека Трикафта им треба на сите пациенти.

Со свирежи и пароли „Ретки сме и постоиме“, „Здравје пред профит“ , Не диши, имаме други приоритети“ пациентите со цистична фиброза и нивните семејства побараа од Министерството за финансии Трикафта да добијат сите пациенти. Пред еден месец лекот го добија 12 а од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе