Вести Македонија

Едно од седум деца има психички проблеми, покажува студијата за менталното здравје на младите што ја изработи клиниката за психијатрија

Изолацијата и осаменоста во време на пандемијата го променија однесувањето на многумина. Анализите говорат дека по ковид пандемијата, остана тивка епидемија на нарушено ментално здравје, особено кај децата и младите.

Проблемот е глобален. Над една милијарда луѓе во Светот се соочуваат со вакви проблеми.

Многу деца и млади кои имаат психички проблеми се срамат да побараат стручна помош и најчесто тоа се обидуваат да го решат низ разговор со семејството и пријателите. Надлежните сметаат дека треба отворено да се поразговара за проблемот за да се подобри ситуацијата.

-Овој проблем не е површински туку е многу подлабок. Дали ние правиме доволно? Воопшто не правиме. Сите треба да почнеме од самите себе и да направиме повеќе во оваа насока, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје со помош на УНИЦЕФ и УСАИД изработи студија за „Менталното здравје на адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата  Ковид-19“. Според нивните резултати едно од седум деца имаат проблеми со менталната здравствена ситуација, а кај голем дел од возрасните проблемите тлееле уште од детството.

-Повеќе од половина од испитаниците кои идентификуваа дека имаат потреба од услуги за ментално здравје не побарале такви услуги. Преку оваа студија знаеме дека 42% од испитаниците пријавиле умерени до тешки симптоми на вознемиреност, а 25% изјавиле дека имале намери на самоубиство, вели Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ.

Поддршката од семејството и пријателите е клучна за справување со одредено ментално нарушување, но неизбежна е и стручната помош.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе