Вести Македонија

Една изборна единица пак нема приоритет во изборните реформи

„Една изборна единица„ за која начелно се залагаат сите партии, освен ДУИ, не е во приоритетите на новата работна група што ќе го реформира изборното законодавство. Првин ќе се вметнуваат препораките на ОБСЕ –ОДИХР во постоечкиот Изборен законик, а потоа ќе се разговара за нов.

Промената на изборниот модел е приоритет за помалите политички партии, но големите само декларативно ја поддржуваат. Вчера и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека се „за„ оваа идеја, но социјалдемократите инсистираат на консензус, а од опозицијата бараат првин владејачките партии да се договорат меѓу себе, по што и тие ќе дадат поддршка. Но,  партиите од албанскиот блок се против. Од Алијанса бараат осум, наместо една или шест изборни единици, а ДУИ бараат да останат постоечките шест. Доколку останатите се договорат за една единица, имаат и други услови.

Новиот претседател на работната група не зборуваше за ова прашање, но е оптимист дека за делот за кој имаат консензус, а тоа се забелешките на ОДИХР, ќе се запазат роковите.

Во работната група учествуваат и претставници од три министерства, неколку институции, невладини организации и здруженија. Од владејачките партии свои членови имаат: СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците. Од опозицијата, пак, претставници имаат: Беса, Алтернатива, Левица и Демократскиот сојуз. ВМРО-ДПМНЕ не испратија претставник.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе