Вести Македонија Топ вести

Да не паѓа работничка крв на коридорите зад превезот на „национален интерес“ – апелираат синдикатите

Македонски мински полиња односно работни места – со вакви зборови од Здружението за заштита при работа ја опишаа тешката состојба за дел од работниците.

Милиони евра годишно веќе се одлеваат поради несреќи на работното место, во разни сектори. И здружението и синдикатите на иста линија – нека се најде друг начин за изградба на коридорите 8 и 10Д, за овие бројки да не растат. Апелираат да не се жртвува работникот, зад превезот на „национален интерес“ и предлагаат да се вработат повеќе луѓе, наместо да се воведува подолга работна недела, како дел од можните решенија.

„Или пак, затоа што не можете да ги поделите на повеќе етапи, тогаш ќе дојдете до турнус-решение, значи работниците ќе работат 24/7 во смени. Тоа е старо правило, не заради друго туку заради тоа што разбраните работодавачи дошле во ситуација да разберат дека на човекот му треба светото тројство: 8 часа работа, 8 часа со семејството и 8 часа да се одмори, да се наспие и да се регенерира. Ама тоа овде не функционира.“  – вели Милан Петковски од македонското здружение за заштита при работа.

Претходно, од Министерството за труд и социјала јасно го искажаа ставот дека ако сакаме брзо да градиме и да изградиме, треба да има прекувремена работа, со образложение дека истата ќе биде платена.

Министерката Тренчевска посочи дека ништо нема да помине без писмена согласност од работникот дека сака да работи прекувремено.

Но, од Сојузот на синдикати јасно и недвосмислено го отфрлија ова како можност.

„За кого се таму парите?! Ако се парите таму во џебовите на претставниците на Власта, а од потта и на грбот на работниците – не се согласуваме и за нас тоа не е национален интерес да загинат и тие малку работници што ги имаме, таму на тие коридори. Не нѝ требаат такви патишта ако паднале жртви за изградбата. Како ќе го соопштиме тоа на нивните семејства? Дека работеле за илјада или две илјади евра плата?! Секако дека може да се најде решение со реорганизација, со двојно зголемен број на работници и работа во смени, но не со паѓање во несвест по градилиштата и со 10-12 часа работа во просек. Никаде не видовме горна граница на работните часови“ – вели претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање при ССМ, Иван Пешевски.

Вчера и на првомајскиот синдикален протест фокус се стави и на погазените работнички права на луѓето коишто ќе работат на патиштата.

Во меѓувреме, засега нема горна граница колку часови неделно ќе работат работниците на коридорите. Министерството допрва ќе ја утврдува истата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг и Вучиќ потпишаа изјава за стратешко партнерство на земјите

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

ОБСЕ: Изборите ги набљудуваме, а оценката ќе ја соопштиме утре

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе