Вести Избори 2024 Македонија

ДИК: До 11 часот за претседателските избори гласале 12,87 отсто, за парламентарни 13,69

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста на изборите до 11 часот.

Според обработените податоци за претседателските избори добиени од 2080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти.

Најголема излезност има во Пробиштип – 27,85 проценти, а најмала во Липково 1,76 отсто.

-Во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за претседателските избори, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Од добиени податоци за парламентарните избори добиени од 1976 избирачки места каде се запишани 1.030.092 гласачи, гласале 140.990 гласачи, односно 13,96 проценти.

Најголема излезност има во Кривогаштани – 28,38 проценти, а најмала во Врапчиште 5,5 отсто.

Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезност од 2,69 отсто.

Даштевски истакна дека до ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, 50 се усвоени.

Седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите се во обработка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе