Вести Македонија

Груби: Блокадата на опозицијата нема да ја спречи изградбата на делниците, може само да ја поскапи

Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и пролонгираат, вели првиот вицепремиер Артан Груби во објава на социјалните мрежи. Од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо.

– Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел – Енка гради и во Србија, каде државните органи денеска пуштија во употреба дел од автопатот. Кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, со истата фирма е склучен договор за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, само да ја зголемат цената и да го продолжат рокот за завршување, напиша Груби.

Инаку Моравскиот коридор во Србија во должина од 112 километри кој што го гради фирмата Бехтел – Енка е со договор тежок 800 милиони евра, додека пак автопатите во Македонија во должина од од 109 километри ќе чинат милјарда и триста милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе