Вести Македонија

Прешова на ФБ: Пратениците да иницираат интерпелација против претседателката и заменик претседателот на Судскиот совет и да ги испитаат наводите за влијанија врз нивната работа

Професорот по уставно право, Денис Прешова, на Фејсбук ги коментираше случувањата околу смената на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, оценувајќи дека доколку јавноста сака да биде крајно цинична околу целата фарса,веројатно единствено би можела да искоментира: КАМЕНОТ? ДАГАУ!, потсетувајќи на разговорите од бомбите во кои се отсликуваше контролата која поранешниот прв човек на ДБК, Сашо Мијалков, ја имал врз изборот на судиите.

Според Прешова, треба да се биде внимателен кога се проектираат некакви жртви или маченици во целата фарса околу Судскиот совет, оценувајќи дека најголемата жртва во континуитет се граѓаните и совесните судии, бидејќи според него: „сите политички опции практикуваат слични или идентични методи за заробување на судството додека судиите со нивниот субмисивен менталитет гледаат како да се заштитат или како да профитираат додека политичките или бизнис моќници бијат битки за влијание врз судството“.

Прешова порачува дека пратениците во Собранието би требало веднаш да иницираат интерпелација против сегашната и поранешната претседателка на Судскиот совет и сегашниот заменик претседател и да се испитаат наводите за разни влијанија врз Советот, но и да се оцени нивната досегашна работа.

„Интерпелацијата би требало да биде иницирана во најбрз можен рок особено поради тоа што е очигледно дека овие членови на Судскиот совет во континуитет не сакаат отворено и јавно да кажат за какви влијанија и притисоци станува збор, а најмалку тоа и го должат на јавноста, но и фелата “ – пишува Прешова на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе