Вести Македонија Топ вести

Како да се разреши скандалот во Судскиот совет по смената на Дамева – Врховниот суд, Здружението на судии засега само внимателно ја следат состојбата

Кој треба да преземе чекори и како да се расчисти ситуацијата во судскиот совет по тензичната седница за разрешување на претседателката Дамева анализираат правните експерти.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија предлага да се вклучи Собранието.

Иако законот за судски совет предвидува одговорноста да се разгледува од внатре во самиот совет, сепак Собранието избира и потврдува 5 од вкупно 13 членови на советот а ги разгледува и годишните извештаи, објаснува Поповиќ.

Токму затоа Собранието има политички легитимитет да бара одговорност од другите гранки на власт бидејки ги конституира на еден или друг начин, вели Поповиќ

Правните експерти деновиве ги повикаа Врховниот суд и здружението на судии да реагираат по скандалот во судскиот совет, но од таму за сега стигнуваат одговори дека само вниматлено ја следат состојбата и се надеваат дека Судскиот совет сам од внатре ќе се поправи.

„Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба“ – вели претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Од Здружението на судииите  велат дека собираат релевантни информации и наскоро ќе се произнесат за состојбите во судскиот совет но и функционирањето на судскиот систем

„Здружението на судиите со особено внимание ги следи последните случувањата во Судски совет на Република Северна Македонија, со надеж дека членовите на овој орган ќе ги користат сите човечки капацитети за изнаоѓање на соодветно решение, во насока на натамошно непречено фукционирање и остварување на Уставната надлежност на овој орган“ – вели претседателот на Здружението на судии, Џемаили Саити.

И од обвинителството ни одговорија дека ги следат случувањата во Судскиот совет. Но за да постапуваат треба прво одлуката да биде објавена во Службен весник.

„Дејствијата на кривичното дело злоупотреба на службена положба имаат соодветна последица која би била исполнета со објава на одлуката во Службен весник. Дури потоа  обвинителството може да отвори предмет и да ги провери дејствијата на инволвираните и законитоста на таквата одлука“ –  додаваат од ОЈО, Скопје.

Седницата за избор на наследник на Дамева е закажана за вторник.

Вчера по два часа доцнење беше одложена неофицијално затоа што т.н пучисти во судскиот совет ги немале потребните 8 гласа за избор на нов претседател туку само 7 со кои и ја разрешија Дамева

Професорката по административно право Павловска Данева објаснува дека и да изберат претседател тој не треба да биде запишан во Централниот регистар

Незаконитоста на одлуката за разрешување може да се докажува и со тужба пред управниот спор објаснува професорката но и да се бара изрекување на времена мерка за стопирање на извршување на одлуката додека судот не донесе одлука.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе