Вести Македонија

Кој е премиер а кој опозициски лидер, расправија меѓу власта и опозицијата на седницата за пратенички прашања

Собраниското соочување не ги смени ставовите на власта и опозицијата околу штетноста или користа на Договорот со Бехтел и Енка. ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност, пред `се од вицепремиерот Груби.

Владата ја повика ВМРО-ДПМНЕ  да не ја забавува и поскапува изградбата на коридорите и да не се крие зад Левица.

Пратениците се соочија и по прашањето: кој е премиер а кој опозициски лидер.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека до 6-ти мај треба да се платат 53 милиони евра, дека под исти услови ќе се врши експропријација на легални и на дивоградби, дека 70 одсто од ангажираните ќе бидат странци. Владата објаснува дека нема да се плаќаат пенали, дека ќе бидат ангажирани 51 одсто домашни фирми и дека и до сега се градело под слични услови. Иако поканет, не се појави Јавниот обвинител Љубомир Јовески, па од него се очекува писмен одговор дали постапката околу надзорот на изградбата ќе остане во фиока.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе