Вести Македонија Топ вести

Османи дочекана во Тетово со билборди на албански јазик

Транспарент и билборди со „Добредојде госпоѓо претседателке“, напишани само на албански јазик, постави локалната самоуправа по повод денешната посета на Тетово на косовската претседателка, Вјоса Османи-Садриу. На влезот на градот, во тревникот стои и „ТЕТОВА“, без да има и на кирилично писмо.

На ваквите постапки реагираа советниците на СДСМ, кои воедно прашуваат дали градот треба да се уредува само кога доаѓа делегација.

Дали само албанскиот јазик е официјален јазик во градот Тетово? Дали македонската етничка партија која ја поддржува власта го поддржува тоа? Дали треба да чекаме висок гостин да не посети за да се исчисти и уреди градот? Зарем граѓаните на Тетово не го заслужуваат тоа секој ден, запраша советникот од СДСМ Глигорије Стојановски.

Вчера младите од ВМРО-ДПМНЕ упатија порака до градоначалникот поставувајќи транспарент на македонски јазик, кој подоцна беше отстанет. Денес и од Општинскиот комитет на партијата побараа да се почитува двојазичоста.

Ги повикуваме институциите на Република Македонија да преземат енергични мерки и да постапат според Уставот и важечките закони во врска со поставувањето на билборди само на албански јазик. Сметаме дека е добро да градиме добрососедски односи, но, остро се спротиставуваме на злоупотребувањето на Уставот и законите и цениме дека е недозволиво девалвирањето на употребата на македонскиот јазик како единствен службен јазик, како и државното знаме, реагираат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на посетата не беа дозволени новинарски прашања. Во обраќањата по средбата на косовската претседателка со тетовскиот градоначалник беше истакнато дека Тетово е мостот на соработка помеѓу двете држави.

-Тетово како една од главните градови на Македонија, од најважните градови после Скопје и каде што мнозинство на граѓани живеат Албанци е мостот на соработката помеѓу Македонија и Косово, рече тетовскиот градоначалник Биљал Касами.

-Од Тетово почнале многу историски поцеси за албанскиот народ, не само за оној кој живее во овој град, туку и од соседните држави. Тетово и Косово имаат многу заедничка историја и плодна и братска соработка. И денеска нашите врски се нераскинливи. Многу млади од овој град, студирале и студираат на нашите Универзитети и обратно, рече косовската претседателка.

Со развиорени албански знамиња придружувани од граѓани и ученици се упатија на прошетка низ градот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе