Вести Македонија Топ вести

Ликовен уметник и професор по физичко предлагаат измени на Закон за градба за договор што не го виделе, обвинува опозицијата

Ликовен уметник, професор по физичко, психолог, лекар, филозоф и само еден правник предлагаат измени на законите за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација, за шуми, за земјоделско земјиште, за минерални суровини и за работни односи и тоа без да го видат договорот во чија корист треба да се донесат измените, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Професиите на пратениците од ДУИ кои ги предлагаат измените за кои опозицијата нема да даде поддршка, беа наведени во партиското седиште каде до детали пред новинарите беше објаснет договорот со „Бехтел&Енка“.

Мицкоски тврди дека сумата од една милијарда и 300 милиони евра која е предвидена за изградба е ставена од око и оти има многу трошоци за кои не е предвидено колку ќе чинат. Очекува крајната сметка да биде повисока за најмалку една милијарда евра. Во дополнителните трошоци за кои во договорот не е наведена цена, се и експропријацијата, релокацијата на далноводи и бандери, заштитата од звук, систем за управување, електрификација на автопатиштата, осветлувањето и вентилацијата на тунелите, патарините. Ја наведе и високата цена што треба да се плати за ископ, а која е трипати повисока од цените на домашните компании.

Како што објасни, „бројчаникот” за пенали почнува да врти од 8 март кога е потпишан договорот: исплата на аванс од 50 милиони евра, 117 милиони евра за подготовка на градилиште, 53 милиони евра за пенали и дополнително пенали од 1.265.000 евра секој месец до завршување на проектот и 900.000 евра секој месец додека не се промени Законот за работни односи. Во Договорот има и точка за менаџирање на проектот за три милиони евра.

Мицкоски го демантираше тврдењерто на вицепремиерот Артан Груби дека се среќавал со него и им дал поддршка. Вели дека тие не се против проектот, туку се против изградбата предвидена со овој договор. Резимираше дека договорот е конечен и неговото раскинување ќе ја чини државата милијарди евра. Помало од двете зла, вели, е изградбата да се заврши, но барем да биде според постоечките закони.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе