Вести Македонија Топ вести

Тетовскиот анестезиолог се товари за две дела – несовесно работење во службата и неовластено снимање

Откако прибавило докази, Основното јавно обвинителство Тетово до тетовскиот Основен суд поднесе Обвинителен предлог против лекарот-анестезиолог Ваљтон Дервиши кој во живо на ТикТок емитуваше видео од персонал и пациенти на кои им се пружала помош на гинеколошкото одделение во тетовската болница. Со тоа тој ги повредил нивните права.

Анестезиологот се товари за две кривични дела: Несовесно работење во службата, како и Неовластено снимање.

„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, соопштија од Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија. 

 Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Инаку Лекарската комора поведе постапка за времено одземање на лиценцата за работа анестезиологот, кој по скандалот доби отказ.

И министерот Меџити и од раководството на болницата изјавија дека имаат непотврдени информации за негово претходно несовесно однесување на работното место, но за тоа немало поведено постапка, зашто во болницата немало дисциплинска комисија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе