Вести Македонија Топ вести

Не се знае кога ќе пристигне лекот Трикафта и за колку пациенти

Пациентите со цистична фиброза се движат со потешкотии, а секој земен здив за нив е голем проблем. Живеат со слаб имунитет и надеж дека лекот Трикафта ќе пристигне до крајот на летото.

Владата и Министерството за здравство треба да ја спроведат набавката на лекот Трикафта. Законите се сменети, но сè уште нема термин кога ќе стигне лекот. Министерот за здравство Меџити вели дека работи на проблематиката, но не го знае точниот одговор од кој зависи животот на болните од цистична фиброза.   

Додека да пристигне лекот, пациентите влегоа во меѓусебен конфликт. Пред само неколку дена, 31-годишниот Игор Пехчевски, кој прв се појави во медимите да го бара лекот Трикафта, се пожали дека директорката на детската клиника Фуштиќ му се заканила дека доколку продолжи да се појавува во медиуми повеќе нема да има место за него на клиниката.

Докторката Фуштиќ го демантираше ова. Асоцијацијата на болните под цистична фиброза се огради од изјавата на Пехчевски и застана на страна на докторка Фуштиќ, но тој им врати и сè уште потсетува дека Трикафта за него нема.

Во Македонија има околу 140 пациенти со цистична фиброза. Само најризичните 12, досега го добија лекот Трикафта. Тие кажаа дека е магичен лек за нивното кревко и нарушено здравје.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе