Вести Македонија

Собранието не поддржува нова Агенција против корупцијата

Зголемувањето на степенот на корупција, посебно на тешки облици на организиран криминал, наметнува потреба од зајакнување на борбата преку независна Агенција. Според пратеникот Павле Трајанов, таа би се занимавала со функционерите од власта, нивниот скриен имот и тежок криминал до 100 илјади евра бидејќи постојните институции се премногу партизирани.

Владеачките партии се против, зашто нема гаранции дека новата Агенција би избегнала политизација но секако би одзела надлежности од институциите.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува секаква форма на борба со корупција во која е вмешана власта.

Предлогот на Трајанов не ја продолжува собраниската процедура. Во Комисијата за политички систем, за него гласаа само пет пратеници, додека осум беа против.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе