Вести Македонија

ДУИ: ВМРО ДПМНЕ е против Албанците, ја враќаат државата пред 2001 година

Опозициската ВМРО ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е фундаментално ориентирана против Албанците во нашата држава, против изградбата на коридорот 8 и против интеграцијата во Европската Унија и стратешкото пријателство со Соединитетите Американски Држави, реагираат од ДУИ.

– Бруталната безмислена и неискрена кампања на ВМРО ДПМНЕ против изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени состаноци, друго во јавност. Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година. ВМРО ДПМНЕ е против Албансккиот јазик и против Охридскиот Рамковен договор, стои во соопштението испратено од ДУИ.
– Демонстрацијата на една едиствена слика во маскирна униформа со празен калашников и опколен со жени и деца на испраќање на Мицкоски како и повиците на војна во Собрание од страна на Николовски, имаат за цел дестабилизација на земјата и испраќање на порака кон Албанците дека тие се второстепени граѓани во државата, велат од ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе