Вести Македонија

„Скандалозна одлука“-Стевче Јакимовски против Уставниот суд за бензинската пумпа на Пуцко петрол

Автобускиот паркинг меѓу Александар Палас и базенот во Карпош е празен, тука се крие парцелата планирана за бенизнска пумпа и продадена како таква на инвеститор, иако Уставниот суд оцени дека таму никогаш не било предвидено да се гради пумпа.

На суд, во моментот на Врховен се купувачот Пуцко Петрол кој ја тужи општина Карпош и бара милионска отштета, а досега на пониските судови, граѓански и апелација веќе добил отштета од над 2 и пол милиони евра, но бара повеќе.

Со одлуката на Уставен суд да го укине конкретниот ДУП со пумпата, се отвора можност за повисока отштета која ќе падне врз буџетот на општина Карпош, што предизвика напад врз од градоначалникот кон највисокиот суд.

-Одлуката на Уставниот суд за нас е скандалозна. Предметот е во фаза на жалба пред Врховен суд, бидејќи Пуцко Петрол бара поголема отштета од досега досудената од повеќе од 2 милиони евра. Мене уште лани ми тврдеа дека на Уставниот суд ќе биде обжален ДУП-от и тој сигурно ќе биде укинат со што ќе му се овозможи на сопственикот Пуцко Петрол да има поголемо отштетно побарување бидејќи сега во реалноста не постои конкретниот Детален Урбанистички план, изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош.

Јакимовски вели дека кога ќе ја добие одлуката на Уставниот суд, која ја нарекува пресуда,  заедно со Државниот правобранител ќе информираат повеќе, но најави и тужба пред Европскиот суд во Стразбур.

Судот на 5-ти април оцени дека Карпош вградил бенизнска пумпа на локација за која не е предвидена со што општината ги прекршила темелните уставни вредности за владеење на право и правна сигурност и за заштита и унапредување на животната средина.

Од Уставниот суд ни одговорија дека одлуката до Карпош е пратена уште на 7-ми април, а општината може да си донесе нов план, но согласно одлуката на судот.

-Одлуката на Уставниот суд за укинување на конкретниот ДУП  не содржи забрана ниту значи одземање на правото на општината да донесува Детален урбанистички план, туку наметнува обврска при донесување на нов ДУП да се постапи согласно правното мислење на Судот, изразено во таа одлука. Доколку се донесе нов ДУП со исти суштински недостатоци како укинатиот, односно неусогласеност со Генералниот урбанистички план, тоа ќе значи непочитување на Уставот и одлуките на Уставниот суд што произлегува од членот 112 од Уставот според кој одлуките на Судот се конечни и извршни, ни одговорија од Уставниот суд за обвинувањата на Јакимовски. 

Јакимовски тврди дека Карпош е под судски напад од сопственици на парцели кои бараат милионски отштети за ДУП-ови кои не постојат. Во еден таков случај, сопственик на парцела судски добил од Карпош и град Скопје 5 милиони евра отштета за плац кој вкупно го платил двојно односно 10,4 милиони евра. Според Јакимовски, судиите немаат храброст да пресудат отштета и вина кај државата од чии претставници се плашат од одмазда, па удираат на општините и локалната власт и ги осудуваат на големи суми.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе