Вести Македонија

Хорор приказна во Тетово: 19-годишна девојка успеала да избега од занданата во која под клуч ја држел партнерот-монструм

Невидено злосторство врз девојка се одигрувало во Тетово, а жртвата на ова монструозно семејно насилство е 19-годишна девојка која успеала да се спаси со бегство.
Младата девојка живеела во вонбрачна заедница со две години постар маж во Тетово. Од декември лани партнерот почнал да ја малтретира и да ја тепа, обкавија од обвинителството.
Состојбата се влошувала, а пред повеќе од 30 дена, партнерот-монструм ја заклучил во просторија во заедничкото живеалиште кое се наоѓало во градот Тетово.
Жртвата повеќе од еден месец била во семејната зандана, а насилникот ја тепал и и нанесувал повреди кога тој сакал. На заминување од собата по тепањето повторно ја заклучувал девојката и и оставал храна.
По повеќе од месец дена заробеништво девојката успеала да искористи момент кога насилникот ја оставил вратата од собата-зандана отклучена и избегала.
Девојката кога успеала да се ослободи веднаш отишла во полициската станица во Тетовп
каде пријавила и ги шокирала полицајците со хорор приказната која ја преживувала подолго време.
Известен е обвинител кој покрена истрага за две тешки кривични дела против монструозниот партнер на младата жртва.
Осомничениог е уапсен к му е определен притвор додека на жртвата и е пружена стручна помош.
Во продолжение соопштението на обвинителството:
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Противправно лишување од слобода согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди. Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе