Вести Македонија

Гир: Борбата против корупцијата во државата е на незадоволтиелно ниво

Недоволно, бавно и разочарувачки… Ова се оценките на вицепермиерката за добро владеење Славица Грковска и европамбасадорот Дејвид Гир за борбата против корупцијата во Македонија и спроведувањето на мерките и препораките од Антикорупциската комисија, Националната стратегија за борба против корупцијата и Европската комисија.

Борбата против корупција е клучна во преговорите со ЕУ, но државните институции не се респонзивни на наодите во извештаите, и тоа мора да се смени.

Борбата против корупцијата и владеење на правото е еден од начините да се задржат младите во државата, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Препораките ниту се почитуваат ниту пак се постапува по нив.

Во декември минатата година, вицепремиерката Грковска им наложила на министерствата и институциите да достават извештаи кои мерки ќе ги превземат во текот на оваа година во однос на препораките и наодите на ЕК, Националната стратегија и Антикорупциската комисија.

Евроамбасадорот Гир порача дека Собранието мора да го разгледа извештајот на Антикорупциска за 2021 година а судството и обвинителството да се зајакнат и да покажат интергитет.

Антикорупциската комисија минатата недела го презентираше извештајот за спроведените мерки и активности согласно Националната стратегија за борба против корупцијата која минатата година има степен на реализација од само 10 отсто. Во Националната стратегија се детектирани 54 проблеми и предвидени се 111 мерки и 191 активности кои треба да бидат преземени од државните институции.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе