Вести Свет

Фокс се согласи да му исплати 787 милиони долари оштета на Доминион, поради лажните тврдења за изборна измама

Еден од најголемите и највлијателни информативни американски медиуми Фокс Њуз, се согласи да ѝ исплати 787,5 милиони долари на компанијата Доминион, која што ги обезбедува и одржува системите за електронско гласање во САД. Случајот беше разрешен пред почетокот на судскиот процес со спогодба меѓу двете страни.

Процесот на Доминион против Фокс Њуз за лажните изјави за изборна измама на изборите во 2020 година заврши уште пред да почне. Откако поротата положи заклетва кратко пред пладне, адвокатите требаше потоа да дадат почетни излагања, но судењето не стигна до таму, вели Рендал Чејс од новинската агенција Асошиејтед прес.

Доминион бараше 1,6 милијарди долари оштета од Фоксу Њуз поради нивните лажни тврдења дека изборите во 2020 година биле наместени во полза на Џо Бајден, а против Доналд Трамп. Самиот Трамп со месеци обвинување тогаш, а истото го тврди и денеска, дека изборите биле наместени против него, а овие негови тврдења резултираа со упадот на неговите подржувачи во американскиот конгрес на 6 јануари 2021 година, при што животот го загубија 5 лица.

Адвокатскиот тим на Домионин по обајавувањето на спогодбата изјави дека вистината е важна.

Лагите имаат последици. Пред повеќе од две години, лавина на лаги ги одвлечка Доминион и изборните комисии ширум Америка во еден алтернативен универзум на конспиративни теории, предизвикувајќи голема штета врз Доминион и државата. Денешната спогодба во висина од 787,5 милиони долари претставува потврда и одговорност, изјави адвокатот Џастин нелсон, дел од адвоактскито тим на доминион.

Адвокатскиот тим на Фокс се обиде случајот да го претстави како едноставно пренесувње на изјави од официјални претставници, но самиот сопственик на компанијата, Руперт Мурдок, за време на сослушувањата пред почетокот на судењето сведочеше дека знаел оти тврдењата на Трамп се лажни, но сепак одлучил тие да бидат објавени од чисто маркетингшки причини.

Доминион во тужбата твреше дека на Фокс Њуз му било јасно дека Трамп и неговите подржувачи лажат, но одлуката да бидат објавени тие лаги била донесена во обид да се удоволат конзервативните гледачи, кои биле гневни затоа што Фокс точно предвиде дека во клучната држава Аризона победил Бајден. Двете лица кои ја донеле одлуката да биде објавена проекцијата за Аризона два месеци подоцна биле отпуштени од Фокс Њуз.

Покрај овој случај, против Фокс има уште една тужба, од втората компанија која ги одржува системите за електронско гласање Смартматик, која бара оштета од дури 2,7 милиарди долари.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе