Вести Македонија Топ вести

Феминистките и борците за човекови права во контранапад – бараат разрешување и расчинување на Владиката Петар кој е противник на феминизмот

Владиката Петар жестоко го нападна феминизмот – невладините во контра, остро му возвратија. Уништени човекови права, ослабена борба за рамноправност и неправедно општество – со вакви термини ги опишуваат последиците од ставовите кои јавно ги изнесе владиката. Бараат реакција од МПЦ за, како што велат, антицивилизациските ставови кои се спротивни на христијанството и прашуваат – кој му даде на владиката концесија за телевизија, за да ја шири својата идеологија?

Бараме Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и Светиот Архиерејски Синод да го разрешат г. Петар од должноста Митрополит и целосно да го расчинат заради повреда на Уставот и повреда на основните човекови права и слободи, реагираа од Платформата за родова еднаквост.

Владиката Петар во јавното излагање посочи дека пред појавата на феминизмот како движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но сѐ почесто и разведени. Актуелните случувања покажуваат до каде сме, оценува Ана Мартиноска. Авторка е на голем број трудови за родови и културолошки теми, но вели дека со децении не гледа напредок во борбата за родова еднаквост. Феминизмот не е борба на жените против мажите, туку борба против патријархалниот систем.

Ако тоа е став на мнозинската верска заедница во Македонија кон половина од своето население, тоа е навистина многу загрижувачки и да не речам дека е дури и многу опасна позиција. Треба да учиме зошто е важна родовата еднаквост и дека станува збор за основни човекови права, а не дека станува збор за супериорност на едните врз другите, ниту пак станува збор за тоа кој ќе го прави ручекот дома или кој ќе ги чува децата. Феминизмот нема да ги научи жените да се разведуваат, смета проф. Д-р Ана Мартиноска од Институт за македонска литература.

Истражувањата и на економските експерти покажуваат дека жените се соочуваат со генерално неповолна позиција на пазарот на трудот во државата. Помалку се активни на пазарот, со стапка на учество од 44,3% во 2022 година, наспроти 66,3% од мажите, велат пресметките на Finance Think. Жените на пазарот на труд се во понеповолна позиција и кога ќе се споредат просечните примања односно платите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе