Вести Македонија

Дебата за уставни измени на третоодделенско ниво

Работната група за уставни измени е вистинското место за размена на нови идеи. На ваков начин премиерот Ковачевски ја пренасочи анализата на последната идеја од кругови блиски на ВМРО-ДПМНЕ кон Министерството за правда.

Најновиот предлог дојде од професорот по уставно право и поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Александар Спасеновски, кој во интервју за Сител порача дека опозицијата би можела да се премисли околу гласањето за Уставот доколку се отвори расправа и за државниот грб. Предлага враќање на идејата од 2014-та за црвен лав на жолта позадина со круна од пет кули, без анализа дали тоа гарантира дво-третинско мнозинство и дали би отворило простор и за некакви други идеи.

Ковачевски верува дека опозицијата овој пат ќе најде сили да гласа за европската иднина на земјата и нема да измислува „трето-одделенски изговори“.

„Проблемот на оваа држава не е опозицијата. Проблемот е премиерот повторувач кој заглави во трето одделение“, му одговори ВМРО-ДПМНЕ. Обвинуваат дека „единствена преодна оценка на Ковачевски му е криминалот, што најмногу се гледа од Коридорот 8“.

Паралелно со политичките препирки оди процесот на комплетирање на тимот што ќе ги пишува уставните измени. Во него се веќе 10 претставници од партии и тројца од институции. Им се придружуваат професорите Ана Чупеска, Елена Михајлова-Стратилати, Јагода Митревска, Беса Арифи, Јетон Шасивари, поранешните уставни судии Бранко Наумовски, Сали Мурати и Бајрам Положани, екс судијката од Стразбур Маргарита Цаца Николовска и други. Листата веројатно ќе се дополнува. Нема информација кога ќе се состанат ниту кога би имале текст на амандманите што ќе ги испратат до Владата.

Сите опозициски партии остануваат надвор од овој процес. ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и БЕСА не номинираа учесници во Работната група. Без нив, Собранието не може да обезбеди дво-третинско мнозинство.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе