Вести Македонија

Министерот Алиу не е за забрана на ТикТок по инцидентот со тетовскиот анестизиолог, но и по забраните на кинеската социјална мрежа низ повеќе западни држави

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу не е за забрана на социјалната мрежа ТикТок поради инцидентот кога лекар-анестезиолог на тетовска Гинекологија во живо објавуваше лекарски интервенции, прегледи и пациенти од болницата.  Решенијата не треба да се носат врз поединечни случаи на злоупотреби туку да се прави обука на граѓаните, реле Алиу.

-Ова е предизвик за сите земји, а не само за нас. Тоа се дневни процеси во кои што за жал ако немаме добро обучено или информирано  население за социјалните мрежи или „футпринт“ или дигитални отпечатоци во кои што ние ги оставаме во социјалните мрежи, ќе се случуваат и вакви настани. За жал, мислам дека е несериозно врз основа на еден случај дневно ако имаме такви злоупотреби, да се забранат социјалните мрежи. Но, исто така мислам дека е многу сериозно како држава да ги анализираме сите процеси и да видиме како се движи и кој тип на информации ќе треба на нашите граѓани да им ги сервираме, да ги информираме со цел да бидат свесни за начинот како се употребуваат и на кој начин. За жал, тие социјални мрежи се многу лесни за употреба, но од другата страна ако не сте доволно информирани можат да настанат вакви злоупотреби, одговори министерот Азир Алиу.

Во многу западни земји низ светот ТикТок, познатата и брзорастечката социјална мрежа креирана во Кина е забранета поради сериозни сомнежи за слабости во информатичката безбедност и можно прибирање на податоци од корисниците на мрежата. Такви забрани има во САД, Велика Британија, Холандија, во некои институции на ЕУ, и покрај негирањето на Кина дека го злоупотребува овој начин за нелегално прибирање на информации.

ТикТок анестезиологот од Тетово без лиценца за работа – етичката комисија утврди повеќе прекршоци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе