Вести Македонија Топ вести

ТикТок анестезиологот од Тетово без лиценца за работа – етичката комисија утврди повеќе прекршоци

Лекарот ги нарушил правата и достоинството на пациентите и угледот и честа на лекарската фела. Лекарската Комора (ЛК), на првиот работен ден по велигденските празници, итно состанчеше. По детално разгледување, донесена е едногласна одлука за покренување на постапка против докторот.

Етичката комисија констатираше дека лекарот прекршил повеќе начела, поради што е покрената постапка пред Судот на честа. Во името на целата струка се извини Калина Гривчева, претседателката на Лекарската комора.

Процедурата вели дека лекарот најпрво ќе треба да го прими обвинението, има седум дена рок за жалба и идната недела Судот на честа ќе има финална одлука.

Дали постои можност за трајно одземање на лиценца – претседателката на Лекарска комора одговара дека има три вида на казна: опомена, привремено и трајно одземање на лиценца. Трајно одземање на лиценца се прави ако има пресуда на Суд за несовесно лекување. За конкретниот прекршок, ЛК најмногу може привремено да му ја одземе лиценцата и тоа во времетраење од најмногу 7 години. Досега се одземени лиценци, две трајно и две привремено.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе