Вести Македонија

Кога високи дипломатски претставници се вклучени во преговарања или договарања на зделки, се губи јасната линија меѓу дипломатија и бизнис, вели Тасева

Тука има, сигурно, нешто друго во позадина што ние не го знаеме и гледаме, рече Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, посветена на предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„За работењето на „Бехтел“, како компанија во Америка, има напишано и книги. Ја има насекаде. Постои поместување на границата меѓу деловното и работењето на дипломатијата, каде што високи дипломатски претставници се вклучени во преговарањата или договарањата на тие зделки и веќе се губи јасната линија меѓу дипломатија и бизнис и дипломатски претставници потоа преминуваат да работат директно за „Бехтел“, вели Тасева.

Таа нагласува дека Македонија, како држава, има потреба од стратешка поддршка од САД и затоа рече „ние треба да знаеме во што е суштината на еден ваков договор“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе