Вести Македонија Топ вести

Внимавајте со храната по велигденските и рамазанските пости, советува доктор Наумоски од Токсикологија

Лекарите советуваат внимателно со храната по велигденските и рамазанските пости. Особено треба да внимаваат пациенти со одредени хронични заболувања како гастрит, пациенти со хипертензија, со дијабет не би требало да постат затоа што тие заболувања сами по себе може да направат дополнителни компликации.

„На почеток да им ги честитам празниците на сите наши граѓани. Единствено нешто кое би сакал да посочам е по постите да не претеруваат. Постењето е нешто кое се прави од здравствени и од религиозни причини, но при завршување на постот не значи дека треба да се вратиме одма на сите стари навики. Постепено да се враќаат на претходната исхрана, за да не дојде до акутни и хронични последици, најчесто воспаление на желудникот, воспаление на панкреасот“, изјави доктор Кирил Наумоски од универзитетската Клиника за токсикологија. 

Тој објаснува и кои се ризичните групи на пациенти кои особено би требало да внимаваат.

„Особено треба да внимаваат пациенти со одредени хронични заболувања како гастрит, пациенти со хипертензија, со дијабет не би требало да постат затоа што тие заболувања сами по себе може да направат дополнителни компликации.  Дури и да учествувале во постите за во иднина би требало да знаат дека не би требало да ризикуваат во начинот на исхрана и во животот“, додава доктор Наумоски за Телма.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе