Вести Свет

(Видео) Јапонскиот премиер Кишида неповреден во експлозијата на димна бомба

Јапонскиот премиер, Фумио Кишида, беше евакуиран неповреден денеска од јавен настап, откако кон него била фрлена димна бомба.

Еден маж бил приведен од местото на настанот во префектурата Вакајама,  каде премиерот Кишида заминал со цел да одржи говор во поддршка на кандидат на неговата партија пред локалните избори.

На објавените видео снимки на настанот се гледа како тој и неговите блиски соработници забележуваат дека кон Премиерот е фрлен предмет а во толпата припадниците на обезбедувањето на земја го соборуваат еден млад човек. Неколку секунди потоа се слуша и експлозијата. Во инцидентот не бил повреден никој а медиумите во Јапонија подоцна информираа дека бил уапсен 24-годишен млад човек, чии мотиви засега не се познати.

Јапонскиот премиер неколку часа подоцна продолжи со партиските активности и се обрати пред своите поддржувачи, без при тоа воопшто да го спомене нападот.

Иако нема повредени во инцидентот, хаотичните сцени ги разбудија се уште свежите сеќавања кај јапонските граѓани од атентатот врз поранешниот премиер Шинзо Абе, кој беше смрттно застрелан исто така во текот на предизборна кампања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе