Вести Свет

(Видео) Хаос во Судан – жестоки судири меѓу војската и парамилитарните сили

По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум.

Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Паравојската РСФ тврди дека воспоставила контрола над аеродромот во Картум, ја зазеле резиденцијата на армискиот командант и претседателската палата. Тврдењата на бунтовниците сè уште не се потврдени. Паравојската соопшти дека нејзините сили биле нападнати во една воена база во јужен Картум, додека армијата тврди дека борците се обиделе да заземат воен штаб.

Тензиите помеѓу армијата и паравоената РСФ ескалираа по пролонгирањето на договорот за повторна демократизација на Судан, постигнат по воениот удар во 2021 година. Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во државата. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе