Вести Свет

Оданочете ги милијардерите наместо работниците, му порачуваат синдикатите на Макрон

Работниците,членовите на синдикатот и левичарите, кои се противат на непопуларниот план на Претседателот Емануел Макрон за зголемување на возрасната граница за пензионирање на 64 години, маршираа денеска во градовите ширум Франција, во последната демонстрација на незадоволство пред донесувањето на конечната одлука дали одлуката на шефот на државата, ги задоволува уставните стандарди.

Во Париз, демонстрантите се собираа во метрото со кое се упатија до Авенју Монтањ, позната по своите луксузни бутици.

Потоа тие мирно влегоа во Париското седиште на луксузниот конгломерат ЛВМХ, формиран со соединувањето на модниот џин Луи Витон , производителот на најпознатиот шампањ, Моет и Шандон и на коњак, Хенеси.

Сопственик на овој конгломерат е Бернар Арно, кој со богатство од 244 милијади долари во Април оваа година се стекна со статусот на најбогатиот човек на планетата.

За синдикалците решението на наводните дупки во буџетот се едноставни како и пораката до десничарот Макрон – оданочи ги милијардерите а не нивните работници.

Ни се вели дека има недостаток на пари за финансирање на социјалната сигурност и пензискиот систем а ЛВМХ во една година би можел да ги намали сите дупки во системот од последните години. Всушност, тоа значи да се каже ека има пари во џебовите на работодавачите. Еве го најголемиот работодавач. Не зборуваме за мал работодавач или некој од средна големина. Зборуваме за милијардери кои се мултимилијардери и затоа едно од решенијата да финансира пензискиот систем е подобрата редистрибуција на богаството а најдобар начин за тоа е да се оданочат милијардерите“ – вели Фабиен Виледју, член на синдикатот.

Француските полицајци го обезбедуваат Уставниот Совет а безбедноста ја проверуваше и шефот на полицијата во Париз, Лорен Нуњез. Владата апелира на спречувањет на можните инциденти, бидејќи на 9-те судии им е потребен мир за да можат да ја завршат својата работа. Протестите против планот на Макрон уште од јануари ги предводат 8 синдикати во навистина ретка демонстрација на работничка солидарност, додека им се придружија и здруженијата на студентите.

Демонстрантите се надеваат дека масовната на денешните протести ќе изврши силен притсиок врз владата и уставните судии кои треба да се произнесат за текстот на планот за пензиските реформи.

Критичарите ја оспоруваат одлуката на владата да го смести пензискиот план во буџетот, со што значително го забрза легислативниот процес. Одлуката на владата да го избегне гласањето во Парламентот со користење на овие посебни уставни овластувања дополнително ги расжести демонстрантите.

Сите испитувања на јавното мислење недвосмислено покажуваат дека Францускиот народ е против пензиската реформа.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе