Вести Македонија

Ограничувањето на цените на зеленчукот ќе ги остави земјоделците со кратки ракави, реагираат производителите

Земјоделците ќе останат со куси ракави и демотивирани, реагираат производителите од струмичко на одлуката за ограничување на цените на земјоделските култури. Министерот Николовски, пак, смета дека ограничувањето само ќе ја запре незаситноста на трговците, а не и профитот на градинарите.

Ограничувањето на цените на доматите, краставиците и пиперките во период кога треба да стаса домашното производство е проблем за струмичките земјоделци. Велат дека први ќе се берат културите произведени во контролирани услови, што е прилично скап процес, па оваа одлука може да ги остави без профит.

Но, министерот за земјоделство вели дека анализите им се детални и нема со ограничувањето да трпат производителите и купувачите, туку само трговците.

Цените на овие земјоделски култури се ограничени од вчера, а државниот пазарен инспекторат најавува строги контроли по маркетите и пазарите. Домашното производство, пак, треба да стаса за околу две седмици.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе