Вести Македонија

Ќе Ве регистрираме како сексуален престапник, пишете во рок од 72 часа- како изгледа лажната измама со име на директорот на полицијата Тасевски

Доколку до Вас на било кој начин пристигне порака како на фотографијата со тврдење дек асте извршител на криминални дела и сами треба да се пријавите, не ја отварајте никако.

Од пораката која ни ја достави граѓанин се гледа лош фалсификат на документ каде со црвени букви е наведено дека сте извршиле повеќе кривични дела- сексуални престапи. На документот се гледа хрватско знаме, но и потпис од директорот на БЈБ (униформираната полиција) на МВР Сашо Тасевски, за кого е наведено неточно дека е полициски генерал.

Пораката содржи и препорака да се испрати одговор на дадениот мејл во рок од три дена по добивањето на пораката за да не бидете регистрирани за сексуален престапник.  Пораката е лажна и е дел од регионална и меѓународна измама за прибирање на лични податоци.

Од МВР порачаа уште вчера вакви пораки да не се одговараат. Во продолжение целото соопштение.

Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во наводна соработка со Европол, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот со некакво објаснување за наводните дела.

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани.

Исто така, предупредуваме да не отварате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

Ги информираме граѓаните и дека во Секторот за компјутерски криминал е пријавено дека е изработена лажна веб страна на Управата за јавни приходи, од каде се испраќаат пораки за некакво задолжително пријавување на лажен линк. Апелираме до граѓаните да не ги отвараат ваквите пораки и да не ги оставаат податоците од своите банкарски сметки затоа што станува збор за измама.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе