Вести Македонија

Случајот со морбили го зголеми интересот кај родителите за вакцинација на децата до 12 месеци

По првиот случај на морбили кај 13-месечното бебе од Свети Николе се вклучи црвениот аларм кај родителите, кои го одложуваат терминот за првата доза на вакцината за своите деца до 12 месеци. Лекарите на вакциналните пунктови бележат зголемен интерес за имунизација на децата. Од денеска почна и проверката на картоните за имунизација на децата, по насока од Комисијата за заразни болести.

Коцева-Миланова уште на почетокот на годината предупреди дека нискиот процент на имунизација од морбили може да доведе до појава на нови случаи со морбили и епидемија. За да има солиден колективен имунитет, потребна е вакцинација на 90 до 95 отсто од децата на едногодишна возраст.

Според неа, родителите не ја избегнуваат имунизацијата, туку ја одложуваат. Чекаат нивното дете да прозбори и прооди, па бараат термин за имунизација. Но, на овој начин родителите ги изложуваат своите деца да се заразот со вирусот морбили.

Од штипскиот Центар за јавно здравје информираат дека засега немаат нов случај на морбили. Последен пат епидемија на морбили имаше пред четири години, кога на штипско инфективно завршија 20-тина пациенти.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе