Вести Македонија Најважни

Националната стратегија за борба против корупција повеќе е на хартија отколку во реалност

Очајна реализација на мерките и активностите кои се предвидени со националната стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси покажува анализата на Антикорупциската комисија. Само 10 отсто од активностите планирани со акцискиот план се завршени во 2022 година односно од 165 предвидени активности реализирани се 17, 58 се во тек на реализација а 90 воопшто не се реализирани.

„Најголем број на нереализирани активности убедливо има секторот здравство. Во 2022 година не се реализирани 16 од предвидените активности додека во 20201 година не биле реализирани девет активности“, изјави Владимир Георгиев, член на ДКСК

Oстуство на интегритет силно политичко влијание, непотизам, кронизам и клиентелизам, неказнивост, отсуство на транспарентност е само дел од причините за слабата реализација на стратегијата.

„Причините за оваа ниска реализација сметаме дека е слабата посветеност на институциите како и честите менувања на раководната структура. Имаме институции со сменети три или четири министри додека се спроведува Националната стартегија и сето тоа е во услови кога постои недоволно професионална администрација благодарение на политичките влијанија при вработувањата. Резултатите се такви какви што се“, изјави Билјана Ивановска, претседател на ДКСК

Националната стратегија предвидуваше минатата година да има измени на 23 закони, но во реалност бројката не е ни блиску.

„Законот за вработените во јавниот сектор одамна е заглавен во административни процедури а тој е закон со најголем ризик кој се однесува на делот на вработувањата“, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Корупцијата и неказнивоста се меѓу клучните проблеми на граѓаните. Борбата против корупцијата и јакнење на владењето на правото се темелите во пристапните преговорите со ЕУ и нема да има попуштање. Имплементацијата на националната стратегија е разочарувачка и мора да се подобри а реформите се бавни, смета евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Уште многу треба да се направи.Темпото на реформите во областите на владеење на правото и борбата против корупцијата останува разочарувачко. Политичкото влијание во судството, злоупотреба на системот за лични добивки продолжува да биде проблем кој не е адекватно и системски адресиран. Принципот дека политиката и правдата се одделени сеуште треба да биде примент во пракса“, изјави евроамбасадорот Девјвид Гир.

Корупцијата влијае на инвестициите и на миграцијата на младите. Се зборува за проблемот но не и за решенијата, сметаат од УСАИД

„Колективно се обидуваме подлабоко да го разбереме повеќеслојниот начин на кој корупцијата ја зароби државата и да развиеме решенија со кои ќе ја вратиме предноста. Додека САД се ваш партнер и сојузник примарната одговорност е кај вас. Властите, институциите и граѓаните во Северна Македонија мора да напарават прогрес во борбата против корупцијата. Ние сме ваш партнер и ние ќе искористиме широк спектар на алатки за да ви помогнеме да успеете но ова е ваша држава и ние не можеме да ја победиме корупцијата за вас“, изјави Дон Кармин, претставник на УСАИД.

Според вицепремиерката Славица Грковска одговорноста е индивидуална и потребен е систем и законски решенија за решавање на проблемот со корупцијата во Македонија.

На конференцијата, иако повикан, не дојде спикерот Џафери кој допрва треба на дневен ред на седница да го постави извештајот за реализацијата на националната стратегија за 2021 година.

Во Националната стратегија се детектирани 54 проблеми и предвидени се 111 мерки и 191 активност која треба да ја првземат државните институции.

Извештајот на Антикорупциската комисија можете да го погледнете на следниот линк

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе