Вести Македонија

Горѓиев во „Топ тема“: Паднат е интересот на јавноста и медиумите за работата на мешовитата историска комисија

Интересот на јавноста во последно време опадна за работата на комисијата. Соопштение немаше, не затоа што ние не сакавме да дадеме, но навистина немаше интерес ниту од медиумите, ниту од јавноста, изјави академик Драги Горѓиев, копретседател на македонското-бугарската комисија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, како образложение за „тивкото“ одржување на последниот состанок на комисијата во минатата недела во Скопје.

„Во крајна линија, за нас е подобро да работиме во една помирна атмосфера, без преголем фокус на јавноста врз работата на комисијата. И не само оваа, туку и претходните средби во Софија и во Скопје, минаа со многу мал интерес на јавноста. Не е толку до немањето желба кај комисијата да нема општење со јавноста, повеќе јавноста и медиумите не се интересираат за работата на комисијата и очигледно имаат други теми кои се погорливи од нашата работа“, истакна Горѓиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе