Вести Македонија Топ вести

Порака до судиите – Единствена господарка ви е „дамата Правда“

Застарените предмети, неефикасност, притисоци, недоволно судии, ниска доверба. Денот на правосудството како огледало во кое се рефлектираат сите проблеми, но и ден на јасни пораки дека состојбата мора да се подобри. Повик за акција и здружување на судиите кои сакаат независно и одговорност судство, наспроти оние кои им пречат на патот дојде од заменик амбасадорот на САД.

„Фрустрирани сме од недостатокот на напредок. Јавноста е, секако, фрустрирана и можам само да замислам дека и вие сте исто така. Затоа и нема подобар ден од денот на судството, да се зграчи мигот како повик за дејствие. Апелирам до вас да се здружите со луѓето околу вас кои ја споделуваат вашата посветеност за независно и одговорно судство. Ве охрабрувам да се обедините како група, да ги именувате оние кои ви го попречуваат патот. ..Кој од вас ќе биде храбар да истапи напред и да обезбеди дека судските процеси ќе завршат пред да истече рокот за поднесување обвинение. Продолжувањето на непреземањето дејствија значи продолжување на неказнивоста. И секако, продолжување на фрустрациите“, вели Ерик Мејер, заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД.

Странските партнери посочуваат и дека недостатокот на условите и ресурсите но и интереси и влијанија од надвор се дел како дел од проблемите на судството.

„За жал, како што сме сите свесни, тие притисоци се уште постојат во Северна Македонија. Најважно од се е да ги одбиете и да слушате само една господарка, а тоа е „Дамата правда“, изјави Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија.

Граѓаните се назадовлни и безнадежни од правосудството. Мал број судии го контаминираат судството и прават огромна штета на довербата , порача претседателката на судксиот совет Весна Дамева но по говоорот не сакаше да даде изјава и да каже дали советот ги знае овие судии и што презема.

Првиот човек на здружението на судии Саити,очекува Судскиот совет, Антикорупциска и други иснтитуции кои имаат истражни капацитети да ги лоцираат овие судии. Вели здружението нема тави капацитети. Довербата во судството ја намалуцаат и застарнеите предмети како оној на Мијлков за Титаник 2. Државниот обвинител Јовески со критика а Саити со порака до судиите да ги почитуваат роковите.

„Не можам да не изразам незадоволство со одредени судски одлуки кои овозможија застарување на предмети за чиј исход јавноста беше заинтересирана. Одредени постапки, пак, не се застарени, но и покрај ажурноста на обвинителското постапување, се уште не ја добиваат потребната судска динамика и немаат разрешница“, порачува Љубомир Јовески, државен обвинител.

Македонското правосудството годинва е под двоен мониторинг од ЕУ и на законодавството и на работењето.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе