Вести Македонија

Помош за ранливи категории на граѓани

Социјално загрозени и невидливи за институциите таков е животот на голем дел од ромското население во 2023 година. Ромите се уште живеаат во супстандардни услови велат невладините кои укажаа на сите пропусти на системот и нудат решенија како да им се помогне на оваа група граѓани која постојано се зголемува.

-Живеат без безбедна вода за пиење, со недостаток од храна и електрична енергија и без основни услови за преживување. Всушност тоа е и причина за продлабочување на сиромаштијата и социјалната исклученост кај ромското население особено по ковид панемијата, инфлацијата и ценовните шокови во нашата земја, вели  Мерита Мустафи  од  „Сонце “  .         

Освен ромите тежок живот живеат и семејствата од ранливите категории и бездомниците. И денеска во 21 век се уште постојат фантоми, лица кои немаат матичен број и документи. Тие луѓе не добиваат помош од одговорните надлежни институции па функционираат само со помош на невладините. Со нивна помош луѓето стануваат видливи за институциите и со тоа добиваат лекарски преглед, лекови и помош за сметките за електрична енергија. Најпогодени во ранливата категорија се децата и нивните родители.

-Македонски Каритас имплементира едукаивни актвности во нашиот едукативен центар во Шуто Оризари, каде на 50 деца им нудиме разни едукативни активности, помош при домашни задачи со цел да можат полесно да го завршат своето образование, вели Спасе Спасов   од   „Каритас“.             

Целта на овие организации е подигање на јавната свест и овозможување помош за најранливата група граѓани. Системот потфрли покажа примерот со едно од загрозените семејства, семејството Крстевски кои се лица со посебни потреби и со години не добиле помош од одговорните институции, дури по објавување на нивната сторија во медиуми надлежните започнаа да ја вршат својата работа.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе