Вести Македонија Топ вести

И Србија станува дел од интерконекторот Македонија-Грција

Денешните средби во Белград се силна потврда за соработката која е на највисоко ниво меѓу Северна Македонија и Србија од кога станавме независни држави. Билатералните односи се без отворени прашања, а соработката сестрана, истакна денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, кој е во официјална посета на Белград.

Ковачевски испрати порака дека имаме силна политичка волја да продолжиме во негување и продлабочување на добрососедските односи и соработката во сите области.

-Трасиравме пат за нови иницијативи и за заедничка соработка во иднина, рече Ковачевски, притоа посочувајќи ја важноста и значајноста на иницијативата „Отворен Балкан“ и бенефитите што граѓаните и стопанството ги имаат од оваа иницијатива.

Во Белград денеска се потпишани и меморандуми за соработка во областа на рударството и енергетиката, како и за подобар проток на лица и стоки и електронски систем за патарина.

Меморандумот за соработка во делот на енергетиката се однесува на гасниот интерконектор што ќе се гради меѓу Северна Македонија и Грција и кон кој, според денешните најави, ќе се приклучи и Србија.

Иницијативата „Отворен Балкан“, според српската премиерка, има придонес во подобрувањето на економските и политичкте односи меѓу државите, а економските подобрувања се директна последица на оваа иницијатива.

Во текот на следниот месец треба да се усогласи и терминот за третата заедничка седница на двете влади што ќе се одржи во Србија.

Брнабиќ истакна дека Србија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија. Најави дека 5 април ќе биде потпишан надополнет меморандум за соработка во евроинтеграциите меѓу Северна Македонија и Србија.

Официјалната посета на Белград, Ковачевски ја почна со средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на која е оценето дека билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена. Ковачевски и Вучиќ разговараа и за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка.

Северна Македонија, Србија и Албанија, кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, во недела ќе се претстават на заеднички штанд на најголемиот саем за вино во Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе