Вести Македонија Топ вести

Грабеж во обложувалница во Бутел – две лица под закана со оружје одзеле пари

Ограбена е спортска обложувалница во скопската општина Бутел. Случајот бил пријавен од вработен во обложувалницата, по што на терен излегле припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), меѓу кои и од Интервентната полиција.

„Денеска во 10:20 часот вработен во обложувалница на подрачје на општина Бутел, пријавил дека две лица со закана со оружје одзеле пари. Веднаш се упатени полициски службеници на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во кусото соопштение од МВР.

Претходно денеска беше објавена информацијата за убиство на 46-годишен маж во скопската населба Капиштец. Според првичните полициски информации на убиството му претходела расправија меѓу напаѓачот и жртвата во казиното, каде што и двајцата играле на апарати за игри на среќа.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе