Вести Македонија Топ вести

Наместо 4 судии, судски совет избра само двајца за во Врховен

Судскиот совет не избра двајца судии кривичари за во Врховниот суд. Ниту еден од 5-мината кандидати не го доби потребното мнозинство гласови на членвототе на советот. Судски ги пополни само двете огласени места во Врховен за судии за граѓанска област.
Со по 10 гласа „ЗА“ и 2 „против“, за во највисокиот суд беа избрани судијките од скопска Апелација Анита Бошковска и Катерина Георѓиевска. На двете листи беше пријавен и апелациониот судија Енвер Беџети кој и е познат на јавноста како судија известител за предметот „Таргет Тврдина“ кој беше укинат по 9 месеци од јавната седница за што имаше забелешки и од судскиот совет.
Судски совет избра и двајца судии за Апелациски суд Гостивар. Даут Рустеми од основниот суд во Гостицар и Александар Милошевски од Кривичниот суд.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе