Вести Свет Топ вести

Невреме во САД, ветрови над 110 км./ч. и град како тениско топче – 21 лице загина во Мисисипи и Алабама

Најмалку 21 лице загина во силно торнадо што синоќа го погоди руралниот дел на американските сојузни држави Мисисипи и Алабама. Оштетени се згради, а во прекин беше и снабдувањето со електрична енергија, откако невремето проследено со град со големина на тениско топче се прошири низ јужниот дел на САД.

„Најмалку 13 смртни случаи се регистрирани на околу стотина километри северозападно од Џексон во тешко погодениот округ Шарки. Уште три лица загинаа, а најмалку две лица се во критична состојба во округот Хемфрис“, изјави директорот за управување со вонредни состојби Ројс Стид за „Си-Ен-Ен“.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување до локалното население да пронајде засолниште, велејќи дека тоа ситуацијата е опасна по живот и дека предметите кои ги носи ветрот може да бидат фатални за оние кои не се засолнуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе