Вести Свет

Трамп се соочува со апсење, ги повика своите приврзаници повторно на бунт

Откако вчера беа сослушани последните сведоци во истрагата сега се очекува да биде соопштено обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој пак претходната недела на социјалните медиуми информираше дека располага со информации според кои денеска му се подготвува апсење и ги повика неговите приврзаници да излезат на масовни протести.

Трамп алудираше на извештаите дека наскоро би можел да се соочи со кривична пријава во Њујорк бидејќи постои сомнеж дека неговиот адвокат во име на Трамп ѝ плаќал пари за да молчи на Сторми Даниелс, поранешната актерка во филмови за возрасни. Трамп пред судот ја негираше аферата со Даниелс, а пред поротата беа испрашувани речиси сите главни актери во случајот.

Во меѓувреме, поранешниот стратег на Трамп, Стив Банон, предвиде што ќе се случи ако Трамп се соочи со очекуваното обвинение. Според него кривичната пријава ќе му донесе само политички поени.

Вчера пак мала група демонстранти се собра во паркот спроти судот каде њујоршките обвинители ја завршуваат истрагата за тоа дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп се вклучил во нелегална шема за замолчување во која е вмешана и Сторми Даниелс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе