Вести Македонија Топ вести

Стејт Департмент : Сериозна владина корупција и притисоци врз судството

Владата не ги трга рацете од судството. Извештајот на Стејт Депртментот за состојбата со човековите права во Македонија за минатата година,  лоцира политички влијанија врз судиите ниска доверба во судството а висока корупција. Извештајот ги споменува долгите и незавршени високопрофил и предмети.  

Извештаи  за сериозна владина корупција и притисоци врз судството нотира Стејт департментот. Повикувајки се на анкетите и невладините во извештајот се посочува и дека корупцијата е една од главните грижи на граѓаните  но и дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција

  • Уставот предвидува автономни и независни судови, но Владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото, стои во Извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот.

Во извештајот за состојбата со човековите права во Македонија минатата година,Стејт Департментот ја потенцира и оставката на Павлина Црвенковска од претседателката функција поради Судскиот совет поради хајки од судско бизнис елита.  Забележана е и ниската доверба во судството но и впечатокот на невладините и експертите дека правниот систем е пристрасен кон богатите обвинети лица.

телоп извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот

  • Според Судскиот совет, екстремно ниската доверба на јавноста во судството се должи на значителната корупција во судството. Судиите намерно развлекуваат процеси или одлуки по жалби за да дозволат застарување на делата, особено во случаи од висок профил во кои се вклучени богати и влијателни бизнисмени или политичари. За судиите има перцепција дека соработуваат со адвокатите на одбраната за поткупи или тргување со влијанија. Судир на интереси во комбинација со непотизам, стои во Извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот.

Во извештајот на Стејт департметнот 8 пати се споменува името на екс шефот на УБК Сашо Мијаков а три пати на бизнисменот Орце Камчев. Нив ги спојува предметот Империја каде се спогодија со обвинителството па се преселија во Охрид за да ги издржуваат казните во отворениот затвор во Струга. Во извештајот посебно место добија  и двете одлуки на Скопска апелација со кои беа укинати затворксите казни за масовното прислушување во Таргет Тврдина и за Трезор. Во Двете обвинет е мијалков кој е на црната листа на САД од лани

  • Според правните експерти оддолговлекувањата во одлуките на апелациониот суд за жалбите го зголемува ризикот од настапување застарување на некои од делата во некои од судењата за време на повторувањето на процесите и ја поткопува довербата и очекувањата на јавноста за одговорност во големиот скандал со прислушкувањата, стои во Извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот.

Во однос на бавната правда, Се потенцира дека судовите работеле со значително доцнење, особено во случаите на корупција од висок профил и повеќе обвинети лица. Лоцирани се и дел од причините поради кои најчесто се одлагаат судењата или почнуваат од почеток како што се откази и пензионирања на судии поротници но и други процедурални здравствени и неутврдени основи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе